Утрински Весник
Спорт

Серхио Рамос пред разделба со ПСЖ?

Серхио Рамос пред разделба со ПСЖ?

Раководството на Пари Сен Жермен има сериозни сомневања дали да му понуди нов договор на ветеранот Серхио Рамос. 36-годишниот Шпанец беше доведен на „Паркот на принцовите“ со големи очекувања, но досега не успеа да ги исполни. Неговата прва сезона беше кошмарна, со оглед дека едвај играше поради повреди. Во текот на оваа сезона, дефанзивецот добива многу повеќе шанси.

dobivaj vesti na viber

Серхио Рамос има договор со ПСЖ до лето, но газдите на клубот се двоумат дали да му понудат продолжување на договорот. Парижаните не се убедени дека Шпанецот може да биде корисен на долг рок и во моментов вагата е повеќе кон разделба на лето, тврдат француските медиуми.

Друго прашање што ги закочи преговорите за обновување на договорот на ветеранот е фактот што тој добива голема плата од 6 милиони евра годишно.

Можете да прочитате

Шефот на Ла лига: Мбапе и Халанд може да дојдат во Реал, но не и во Барса

Клоп за трошењето на Челси: Не кажувам ништо без адвокат!

Меси одговори дали ќе игра на следниот Мундијал