Утрински Весник
Свет

Единаесет земји-членки на ЕУ бараат ЕУ да не носи нови прописи сè додека не се реализираат постоечките

Eu 1.webp.webp

Австрија предводи група од 11 земји-членки на ЕУ, кои се залагаат за 12-месечно одложување на усвојувањето на нови регулативи со цел да се спроведе она што австриската министерката за европски прашања Клаудија Бауер, го опиша како „година на поедноставување“.

Иницијативата ја потпишаа Австрија, Германија, Данска, Италија, Литванија, Словачка, Словенија, Полска, Португалија, Унгарија и Чешка.


Не можеме да продолжиме да поднесуваме нови законски предлози сè додека постојните правила не се целосно имплементирани, изјави Клаудија Бауер за бриселскиот портал Политико.

Таа додаде дека Брисел работи напорно на воведување пакет мерки за намалување на административните бариери, познати како омнибус пакети, но дека таквите напори не се доволни.

Според Бауер, не треба да стане правило да се усвојуваат нови регулативи, а потоа да се усвојуваат низа други акти за нивно поедноставување.

Поедноставувањето треба да започне пред усвојувањето на регулативите, нагласи Бауер.

Потписниците на иницијативата бараат сите закони предложени од Брисел да бидат подложени на ригорозна процена, за да се утврди нивната соодветност и дали придонесуваат кон пошироката цел за зајакнување на економската конкурентност. Тие исто така бараат сите нови регулативи да бидат предмет на процена на влијанието на секои пет години.

Неколку потписници, исто така, бараат значително намалување на оперативните трошоци на ЕУ, што би можело да се вклопи со намалување на обемот на законодавството.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Ќе ја промениме „географијата на војната“ ако САД повторно нападнат

„Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците

По тешкиот пораз Мерц најавува осврт на „темелните прашања“