Утрински Весник
Свет

Седум војници повредени во експлозија на воен полигон во Шведска

20260918105805 big 730x400 90.webp.webp

Седум шведски војници беа префрлени во болница вчера по инцидент на воен полигон во југозападна Шведска, објавија властите, пренесе агенцијата Анадолија.

Пет војници се на интензивна нега со сериозни повреди, но кои не се опасни по живот, објави шведската телевизија СВТ. Вооружените сили објавија дека се лекуваат, меѓу другото, од повреди предизвикани од шрапнели. Останатите двајца добија полесни повреди.


Сите седум војници беа мажи на возраст од дваесет и триесет години. Станува збор за професионални војници, а не за регрути.

Шведските медиуми објавија дека експлозијата на воениот полигон Кракс, во близина на градот Карлсборг, се случила додека припадниците на армијата отстранувале стара, неексплодирана муниција. Вооружените сили не ги потврдија овие наводи.

Полицијата објави дека го истражува случајот како несреќа на работното место и дека соработува со спасувачки екипи, медицински екипи и припадници на војската на местото на настанот.

Можете да прочитате

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата

Кремљ ги национализира руските имоти на „Нестле“ и на „Ошан“

„Хјуман рајтс воч“: Пресудите за Тачи и други лидери на ОВК се важен чекор кон правдата