Утрински Весник
Македонија

Најубавиот звук од Детската клиника: Победничкото ѕвонче заѕвони за херојот Ефнан

Whatsapp image 2026 09 18 at 17.18.33.jpeg

Уште една емотивна и радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје. Победничкото ѕвонче повторно силно одекна, овојпат во чест на малиот Ефнан, кој храбро ја помина својата тешка битка.

Од Клиниката ја споделија убавата вест со порака исполнета со радост и надеж.


„Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот херој ЕФНАН храбро ја помина и ја освои тешката битка“, порачаа од Клиниката за детски болести.

Ѕвонењето на победничкото ѕвонче е момент исполнет со силни емоции – симбол на завршувањето на еден тежок период и почеток на ново поглавје во детството на Ефнан.

Од Клиниката му упатија и најубави желби за иднината.

„На ЕФНАН му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“, порачаа оттаму.

Можете да прочитате

Нови перспективи за новото лидерство – заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

И Извештајот на Европската комисија забележува – ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт, велат од Левица

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија