Бразилскиот фудбалски интеранционалец Дани Алвеш плати кауција од 1.000.000 евра и по 14 месеци го напушти затворот во околината на Барселона. Бразиелцот е на условна слобода, судот му ги одзеде пасошите (шпанскиот и бразилскиот), а тој ќе мора еднаш неделно да се пријавува во полициска станица. Потрагата по парите за да се плати потребната кауција вчудоневиде многумина, бидејќи Алвеш кој играше за повеќе големи и богати европски екипи во кариерата заработи и многу пари, но немаше сам да си плати и да излезе на слобода. Пријател му помогнал да ги собере парите за кауцијата, откако пред да почне судењето Нејмар на девојката која беше жртва и плати отштета од 150.000 евра, поради што судот за половина му ја намали казната. Дани Алвеш е осуден на четири и пол години затвор. Најавите дека Нејмар ја платил и кауцијата, експресно беа демантирани. Медиумите сепак открија дека потребните пари за да излезе на слобода за Алвеш ги платил напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај. Холандскиот фудбалер и Алвеш играа заедно за Барселона. Депај неодамна проговори за правните проблеми на своите пријатели фудбалери. Проговори за Алвеш, Бенџамин Менди и Квинси Промес. „Луѓето треба да знаат дека имав тешко минато. Брат ми одлежа десет години затвор и едвај го видов. Менди и Алвеш исто така се вмешани во криминални случаи, но тоа не значи дека тие веќе не се мои пријатели“, рече Депај и потоа го спомна Промес: „Не го познавам Квинси како што опишуваат. Не сакам да ги оправдувам нивните постапки или да ги поддржам, но никогаш нема да ги изневерам.“