Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Во поштенска пратка откриени 700 грама хашиш

Hashish 1.jpg

Хашиш со тежина од 700 грама, е откриен од страна на царински службеници при контрола на поштенска пратка од Шпанија, која ја нарачал македонски државјанин Р.В. од Тетово. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава до надлежно јавно обвинителство.

Случајот е откриен кога пратката која била пристигната во ЦИ Пошти е селектирана за детална контрола, по што при нејзино отворање во неколку херметички затворени кеси се пронајдени седум пакувања со зелена цврста материја. Веднаш се повикани тимови од Одделението за оперативни работи, при што откако царинско куче детектирало присуство на дрога во пратката, извршено е тестирање на материјата со коешто е потврдено присуство на ТХЦ.


Во моментот кога Р.В. ja подигнaл пратката, истиот е приведен од страна на инспектори од Одделението за истраги и против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Дрогата по налог на јавен обвинител е испратена на вештачење при што е утврдено дека станува збор за хашиш и истата е запленета.

Напоменуваме дека борбата со сериозен криминал е еден од највисоките приоритети на Царинската управа и секој обид за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори ќе биде најстрого санкциониран.

Можете да прочитате

Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се подготвува директна железничка линија

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник