Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот – Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат

Skopje Aerozagaduvanje.png

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Не само што владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ не презема никакви конкретни чекори за намалување на загадувањето на воздухот, туку и го намалува буџетот за клучни области како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот.

Во предложениот Буџет за 2025 година, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, нема ништо предвидено.

Ниту најавената гасна конгенеративна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ја нема во предложениот буџет.

За власта на Мицкоски поважно е луксузирањето, па затоа во Буџетот има повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.

Со ова, власта на ДПМНЕ покажува дека не само што нема стратегија за борба против загадувањето, туку и нема волја да го подобри квалитетот на воздухот. 

Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат.

Можете да прочитате

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната и ги уназадува правата на вработените во судовите