
Соопштение за јавност на СДСМ
Денеска, под команда на началникот Латас, Стоилковиќ и Ивона Талевска преку Орбановиот портал, што го спонзорира Алта банка, објавија текст со наслов „За гомнар со гомнарска цевка”, полн со најтешки навреди кон СДСМ и кон претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.
Криминалната организација ВМРО-ОКГ и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите, Алтa банка и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.
Еве ги зборовите што ги користат:
• гомнар
• гомнарска цевка
• кловновска дружина
• комуњарско коњиште
• подгазна мува
• политичка бљувотина
• духовен изрод
• послушник
• продавач на магла
• шампион во тресење празна слама
• евтин хохштаплер
• климач со празна глава
• кловн на празни флоскули
• скап политички статист
• тело без карактер
• тело без морал
• дворски лакеј
• политички камелеон
• носач на туѓи ташни
• низок користољубец
• полтронска марионета
• смешен кловн со две леви нозе
• селска стринка
• кодош
• гази преку лешеви
Ова е јазикот што го користат.
Мицкоски со навреди: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говореше за македонскиот народ – сега оди во уште полоша форма.
„Вреднувањата” се подигнати на уште повисоко ниво.
Ниво на сеење омраза и бес.
Синоќа ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село – само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар. Потоа следеше физички напад врз нив.
И овој текст Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.
Тоа е министер на оваа Влада!
Овие луѓе што носат фашисти, пропагатори на војна, политика на Милошевиќ и на деведесеттите, промотори на етничко чистење, што промовираат говор на омраза – не можат да бидат дел од македонската јавност.
Овие вампири од минатото ги врати во живот Христијан Мицкоски.
Ова Македонија не смее да го дозволи.



