Утрински Весник
Балкан

Во Србија два случaи на Западнонилска треска

1 komarci.jpg

Во Србија се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година, соопшти Институтот за јавно здравје во Белград.

Заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста.

 „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, избегнување престој на отворено во самрак и зори, кога комарците се најактивни, како и користење заштитни мрежи и престој во климатизирани простории.

Институтот советува и редовно отстранување на застоена вода од саксии, кофи, буриња, конзерви и други садови, како и отстранување стари гуми и предмети во кои може да се собира вода, со цел да се намали бројот на места погодни за размножување на комарците.

При патување во тропски и суптропски подрачја, здравствените власти препорачуваат доследно спроведување на превентивните мерки и итно јавување кај лекар доколку се појават симптоми што упатуваат на невроинвазивна форма на болеста. 

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31