Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Одговорноста е кај Гаши и за Даути и за незакажување на седницата на Комисијата

Sdsm 2.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, и за Даути и за незакажувањето седница на Комисија.


Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство.

СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ.

Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе.

Можете да прочитате

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас

Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“ – започнува официјалната примена

Бујар Османи до Мицкоски: Немаш ни план, ни визија, ни храброст, ниту пак си лидер!