Утрински Весник
Економија

СДСМ: Нова 55MW фотоволтаична електрана – најголема на Балканот

СДСМ: Нова 55MW фотоволтаична електрана – најголема на Балканот

Започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот, со капацитет од 55 MW, која ги задоволува годишните потреби на 30.000 семејства за електрична енергија, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Фотоволтаичната електрана Новаци, инвестиција од 40 милиони евра, на турската компанија „Меј енерџи“, се простира на 57 хектари, на кои се инсталирани 101.000 соларни панели. ФЕЦ Новаци има огромно значење, поради големиот придонес во производството на домашната енергија, нашата држава нема повеќе да биде енергетски зависна, а воедно придонесува и кон поздрава животна средина. Изминатиот период станаве предводник во инвестициите во обновливи извори на енергија, од државата создаваме зелен енергетски центар во Европа“, пишува партијата.

Можете да прочитате

Просечната плата порасна за само 118 денари за еден месец

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост