Утрински Весник
Македонија

СДСМ најавува по 200 евра месечно за секое прво вработување на младите

Sdsm4.jpg
Ss2

СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти, порачуваат од владеачката партија во пресрет на двојните избори, претседателски и парламентарни. -Во фокусот на програмата е унапредувањето на животниот стандард на сите граѓаните, пред се поддршката за младите. Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. Од особено значење за младите е европската иднина на државата. Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот“, дополнуваат од СДСМ. Како што велат, со СДСМ нема откажување од европскиот пат. „СДСМ посветено ќе работи на завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство во унијата до 2030 година“, завршуваат од СДСМ.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година