Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски отвора базен – а Македонија се дави во изолација и долгови

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Добродојдовте во криминална држава на лажните патриоти на ВМРО – Дизниленд за возрасни. 


Нема леб, има игри. Нема Европа, ама има базен.

Додека тие се капат во пари, граѓаните се дават во проблеми.

Додека Реформската агенда официјално умре, а рокот истече со нула реализирани точки, премиерот Христијан Мицкоски свечено отвора нов базен во Карпош.

Скопје плови во ѓубре од кога Мицкоски го постави Орце за градоначалник. 

Кај Мицкоски сè плови освен тој – тој лета за Сплит.

Граѓаните чекаат по 10 часа на граница за да стигнат до море, а Мицкоски отвора базен. 

Изгледа дека ова е новата стратегија на Владата и Мицковски: „Летувајте во Македонија”. 

Покрај планините, сега имате и базен. Не морате преку граница. Наскоро и нема да можете.

После базенот, очекуваме и тобоган – па да му ги исполни сите предизборни ветувања.

Наскоро следат свечени отворања на тротоари, контејнери, бандери, лифтови и скали… а не отворање на поглавја и преговори со Европската Унија.

Ова не е влада. Ова е циркус.

Додека народот се бори со празни фрижидери и празни паричници, Мицкоски се занимава со отворање базени. 

Наместо да привлекува странски инвестиции (кои паднаа за 60%), тој отвора базен.

Трагично-смешно е да гледаме како премиер на држава што тоне во изолација и долгови свечено отвора базен.

Распишете референдум веднаш!

Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат да се давиме во изолација или да пливаме кон Европа.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

Николоски: Автопатот Требениште -Струга -Ќафасан ќе се гради, по која траса ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО