Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да не молчи, да одговори дали патувал со луксузна бизнис класа и карта од 4.000 евра?

Mickoski 2.webp.webp

Мицкоски молчи и не одговара на прашањата кои се отворени за неговото патување во Вашингтон, со што ги потврдува сомнежите за негово луксузирање на сметка на граѓаните.

Наместо да се крие Мицкоски треба да каже дали тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра? 

Нека им ја покаже сметката на граѓаните, на оние кои му ја платиле авионската карта.

Во кампањата полна му беше устата за одговорност и транспарентност а сега прави обратно.

Граѓаните гледаат расфрлање со народните пари, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа. 

Особено што постојат информации дека и други министри патувале со бизнис класа и скапи карти.

Владата и Мицкоски веднаш да ги објават сметките и трошоците за ова патување затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!