Утрински Весник
Економија

 СДСМ: Цените растат а Владата на Мицкоски не презема ништо

Simona czvetanoski.jpg

Прес-конференција на Симона Цветановски од СДСМ:

Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо.


Спиралата на раст на цените на храната започна. По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз. 

Се најавува и ново покачување на цените на горивата. Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат.

Поскапувањата се силен удар врз стандардот на народот.

Зошто владата не презема ништо? Чека да се зголеми сиромаштијата, народот да нема за леб, да не може да се прехрани?

Очигледно треба да профитира приватниот бизнис на ВМРО врз грбот на народот.

4,5 милиони евра повеќе, толку ги чини македонските граѓани ова намерно игнорирање на владата.

Македонската економија со Мицкоски тоне, индустриското производство има пад од 9,4%, странските инвестиции се намалени за 61%. Се намалува бројот на вработени, се отпуштаат македонски работници за „економски работници”.

Власта одби и да ја покачи минималната плата на 600 евра, оставајќи ги работниците сами да се справуваат со кризата.

Сега не презема никакви мерки за да им помогне на граѓаните.

Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки, само на владата на Мицкоски свесно не прави ништо. Очигледно намерно.

Кој профитира? Бизнис мрежата на Мицкоски?

Со што ВМРО ќе го храни народот? Со дефокус, национализам и лажен патриотизам?

Како што лажеа за името, сега им ги мачкаат очите на граѓаните дека сме четврта економија.

Дали фрижидерите на граѓаните ја гледаат таа „четврта економија”?

Владата мора итно да ги прифати мерките на СДСМ. 

Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%. Намалување на акцизата за 4 денари по литар. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Преполовување на цените на патарините.

Можете да прочитате

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се клучни за иднината во ера на глобални промени и вештачка интелигенција

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

М-таговите отсега достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно