Утрински Весник
Бизнис

СДСМ: Буџетот за 2023 е развоен, обезбедува средства за повисоки плати и пензии

СДСМ: Буџетот за 2023 е развоен, обезбедува средства за повисоки плати и пензии

„Буџетот за 2023 година кој е во собраниски процедура е развоен и е одговор на последиците од енергетската и економската криза. Во него, за нови мерки за помош предвидени се 250 милиони евра. Во споредба со 2022 година, во новиот Буџет приходите се зголемени за 14,8 отсто, додека дефицитот се намалува за 0.7 процентни поени во однос на проекциите за 2022 година“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „75 милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани“.

„Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, додека грижата за ранливите категории продолжува. Нивото на капиталните проекти е на близу 800 милиони евра, односно за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година“ велат од партијата.

Од СДСМ се со став дека „буџетот за 2023 е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст, кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2.3 отсто, што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите од еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто“.

Можете да прочитате

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи – Дуџак: Она што нема да го направиме денес, ќе не чини многу поскапо утре