Утрински Весник
Македонија

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Konk Mijalkov.jpg

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело, стои во соопштението од Апелација.

Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова:Ја поддржуваме Украина и на најсилен можен начин ја осудуваме Русија

Сиљановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем

Мијалков се огласи на Фејсбук