Утрински Весник
Македонија

Санела Шкријељ: Во центарот на реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

2b440996 A799 4d7c A6a0 4626e660a3b3.jpg

„Во центарот на нашата реформска агенда, а всушност и во претходна и сегашна програма која ја нудиме се луѓето. Затоа што луѓето се најважни и нивните знаења и вештини. Нема раст, развој без луѓе кои ги имаат потребните знаења и вештини за да се овозможи тој раст и развој”, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ и со вицепремиерот задолжен за економски прашања и кандидат за пратеник, Фатмир Битиќи.

Санела Шкријељ потенцираше дека Планот за раст е најсериозниот инструмент на ЕУ за да го донесеме европскиот стандард дома.

„Важна е крајната цел, членството во ЕУ, но и низ самиот процес на пристапни преговори да си обезбедиме подобар квалитет на живот за сите нас тука. Ова е навистина многу важен инструмент кој значи не само техничка поддршка, туку низ реформите обезбедуваме подобар квалитет за живот за нашите граѓани дома проследени со значајна и дополнителна финансиска поддршка”, посочи Шкријељ.

Таа ја нагласи поентата дека поддршката од Планот за раст е врзана за конкретни реформи, како што е реформата на основното и средното образование и дигитализацијата.

„Дигитализацијата е навистина клучен сегмент. Дигитализацијата на услугите коишто се однесуваат на бизнис секторот се една работа, но ќе се навратам на областите кои се поврзани со човечкиот капитал како што е образованието, здравството и социјалната заштита и грижа. Тука навистина има огромен простор. Фокусот мора да биде и со тоа го започнавме развојот на дигитални вештини кај децата, но и кај наставниците. Децата на некој начин растат во тој свет веќе и се соочуваме со ситуации кога нивните познавања на тие дигитални вештини се понапредни од оние на наставниците и на тоа навистина мора да работиме”, рече Санела Шкријељ.

Таа посочи дека во Реформската агенда на Северна Македонија врзана за Планот за раст на ЕУ има и проекти за инфраструктурно опремување на училиштата и за дигитализација на процесите во јавната администрација.

„Како што го поставивме системот на социјална заштита на цврсти темели, така треба да продолжиме во таа насока и во другите сфери кои можат да го зајакнат човечкиот капитал. ЕУ бара испорачување на некои стандарди и ние истото го сакаме. Да испорачаме реформи за да добиеме поголема финансиска поддршка”, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално по силно невреме во Македонија

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра