Утрински Весник
Магазин

Светските богаташи даваат 465.000 евра на „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз

Oi Pariz.jpg

Светските богаташи плаќаат до 465.000 евра за „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз во 2024 година, за кои промотерите тврдат дека вклучуваат средба со спортистите, пристап до спортското село и шанса да бидат дел од церемонијата на отворање.

Меѓународната организација GR8 Experiences, во сопственост на менаџерот на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс и ПР менаџерот на тенисерот Рафаел Надал, продава олимписки пакети за кои тврди дека вклучуваат билети за 14 настани како што се машките 100 метри, финалето и церемонијата на отворањето за 355.000 евра, објави Гардијан.

Покрај таканаречените билети од категорија А, агенцијата тврди дека може да организира „искуства што не можат да се купат“, вклучувајќи состаноци со спортисти, обиколки во ограничените области како што е спортското село, приватни посети на Лувр и „кралска вечера во Версајската палата“.

Барнабас Карега, извршен директор на GR8 Experience, изјави за Гардијан дека неговата компанија им нуди на богатите „пристап недостапен за јавноста, вклучително и време со спортистите“.

Тој одби да именува за кои спортисти станува збор, но рече дека претходно договорил приватни средби со Надал, Новак Ѓоковиќ и поранешниот италијански олимписки скијач Џорџо Роко.

Запрашан колку чини да се сретнат спортистите, тој рече дека зависи од структурата на состанокот, кој рече дека варира од 15 минути фотографирање и разговор до ручек со спортистите.

Цената, рече тој, се движи од 23.000 до 465.000 евра „ако зборуваме за еден од најдобрите спортисти кој ќе помине многу време“ со купувачот на пакетот.

Тој рече дека во минатото неговата компанија, која е делумно во сопственост на деловниот партнер и менаџер на Џејмс, Маверик Картер, и ПР менаџерот на Надал, Бенито Перез-Барбадиљо, договориле клиентот да помине скоро една недела со Надал, вклучително и гледање на боксерски натпревар на спортист и уште еден клиент да одигра меч против Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер