Утрински Весник
Магазин

Само Брус Вилис има права на лицето на Брус Вилис: Актерот негира дека го продал своето лице

Само Брус Вилис има права на лицето на Брус Вилис: Актерот негира дека го продал своето лице

Агентот на Брус Вилис ги демантираше медиумските извештаи дека ги продал правата на своето лице, односно, дека дозволил негов дигитален близнак да се користи за филмови или телевизија.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела беше објавено дека Вилис, во првата зделка од ваков вид, го продал своето лице на компанијата „Дипкејк“.

Меѓутоа, портпаролот на холивудската ѕвезда изјави за „Би-би-си“ дека Вилис нема склучено никаков договор или партнерство со компанијата.

И претставник на Дипкејк рече дека само Вилис ги има правата на неговото лице.

Вилис го најави своето повлекување од актерството во март, откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на говорот.

Генерално, т.н. дипфејк-технологија користи вештачка интелигенција (AI) за да создаде реални симулации и реални видеа на познати личности или политичари. За актерите кои повеќе не можат да глумат, технологијата има потенцијал да ја промени играта.

На 27 септември, „Дејли мејл“ објави дека е постигнат договор помеѓу Вилис и руската компанија „Дипкејк“.

„Двократниот добитник на ‘Еми’, Брус Вилис, сè уште може да се појавува во филмови откако ги продаде правата на неговото лице на  Deepcake“ објави „Дејли мејл“.

Приказната ја презеде „Телеграф“ и низа други медиуми. „Брус Вилис стана првата холивудска ѕвезда што ги продаде своите права за да дозволи свој дигитален близнак да биде создаден за користење на екранот,“ објави „Телеграф“.

Но, се чини дека тоа не е случај, тврди „Би-би-си“.

Она што е точно е дека минатата година бил користен дипфејк на Брус Вилис за да се создаде реклама за „Мегафон“, руска телеком компанија.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак