Утрински Весник
Балкан

Руски хакери ја презедоа одговорноста за сајбер нападите врз веб-страниците во Словенија

Hakeri On Line.jpeg
300x250 (7)

Руска хакерска група позната како „Сајбер Арми Раша Риборн“ денеска ја презеде одговорноста за неодамнешната серија сајбер напади врз веб-страниците на неколку владини тела и јавен радиодифузен сервис во Словенија. Во видео-обраќање, групата имплицитно призна дека нападите биле мотивирани од поддршката на Словенија за Украина.

Во видео-пораката пренесена од неколку словенечки медиуми, групата рече дека Русите и Словенците „не мора да се мразат едни со други“ со оглед на заедничкото потекло на двете земји, пренесува СТА. „Ги земаме оружјето само за да ги одбиеме нападите врз нас и оние што ги сметаме за наши браќа по вера и крв.

300x250 (7)

А сегашниот воен конфликт со фашистичкото раководство на Украина под еврејскиот јарем на (претседателот Володимир) Зеленски е за нашата безбедност и за мир и просперитет во Европа“, се вели во пораката.

Руски хакери ги повикаа Словенците да не веруваат во медиумските извештаи за „злобната и агресивна Русија“. Истата група претходно најави дека ќе почне да ја напаѓа Словенија поради приклучувањето кон чешката иницијатива за снабдување со муниција на Украина.

Групата употреби дистрибуирани напади за одбивање на услугата (DDoS), примитивна форма на сајбер војна, против веб-страниците на претседателот, неколку државни институции и РТВ Словенија.

Засега не е забележана поголема штета, но руските хакери претходно најавија дека ќе таргетираат и критична инфраструктура. Премиерот на Словенија Роберт Голоб изјави денеска дека сајбер нападите се во пораст во последно време.

„Тоа не е секогаш иста земја, но секогаш е една од глобалните суперсили. Хакерите им пренесоа конкретна порака на словенечките политичари, но Словенија нема да се согласи на уцени.

Ss1

Можете да прочитате

Бомбата пронајдена во Ниш од бомбардирањето на НАТО успешно отстранета и уништена

Во Ниш акција за уништување на воздушна бомба, евакуирани 1.300 луѓе

Бугарија заплени хероин вреден 9 милиони евра сокриен во душеци за спиење