Утрински Весник
Свет

Руската дума усвои закон: Забрана и казни за ЛГБТ пропагандата

Руската дума усвои закон: Забрана и казни за ЛГБТ пропагандата

Руската Дума го одобри третото читање на законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални сексуални односи и педофилија.

dobivaj vesti na viber

Законот, исто така, важи и за информации што може да наведат некој да побара операција за промена на полот.

Исто така, законот ги забранува сите повици за промена на пол кај малолетниците на интернет, во медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами, пренесува ТАСС.

Казните за ЛГБТ пропаганда што вклучува ширење информации или јавни акции, како и пропаганда за промена на полот ќе изнесуваат до 100.000 рубли (околу 1.650 американски долари) за граѓаните, до 200.000 рубли (околу 3.300 долари) за функционерите и до еден милион рубли (околу 16.500 долари) за правни лица.

Максималната казна за таквата пропаганда на интернет или во медиумите ќе биде до пет милиони рубљи (околу 82.600 долари).

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади