Утрински Весник
Свет

Русија има рекордни загуби во октомври, вели британскиот министер за одбрана

Ukraina Rusi A.jpg

Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска изјави дека во октомври се регистрирани рекордни загуби на Русија во Украина.

– Последните податоци на британската воена разузнавачка служба покажуваат дека просечната дневна загуба на Русите (убиени и ранети) во Украина достигна нов максимум во октомври, во просек 1.354 луѓе дневно. За Руската Федерација, изминатиот месец стана најскапиот во целата војна. Вкупните загуби изнесуваат 41.980 луѓе, изјави Хили за Дејли Телеграф.

Тој наведе дека според податоците на британското воено разузнавање, претходниот максимум бил 39.110 лица, евидентиран во мај годинава.

Разузнавачките служби проценуваат дека од почетокот на инвазијата, вкупните загуби на Русија во Украина изнесуваат повеќе од 696.000 војници, посочи Хили и додаде дека Русија во моментов троши 40 отсто од својот буџет за одбрана, што, како што рече, е неодржливо за земјата

Можете да прочитате

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху

Ердоган повика на укинување на правото на вето во ОН и реформа на Советот за безбедност