Утрински Весник
Свет

Русија до Америка по инцидентот над Црното Море: Спречете ги непријателските летови

Русија до Америка по инцидентот над Црното Море: Спречете ги непријателските летови
300x250 (7)

Ден по инцидентот над Црното Море, Русија ги повика САД да ги прекинат „непријателските летови“, пренесува АФП.

dobivaj vesti na viber

Медиумот потсетува дека вчера имаше близок контакт меѓу рускиот ловец Су-27 и американскиот воен дрон MQ-9 Reaper. Пентагон тврдеше дека станува збор за „рутински лет“, а Русија го нарече инцидентот „провокација“.

300x250 (7)

Британскиот министер за одбрана Бен Валас, реагирајќи на инцидентот над Црното Море, ја повика Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор.

„Клучната работа овде е дека сите вклучени страни треба да го почитуваат меѓународниот воздушен простор и ги повикуваме Русите да го сторат тоа“, изјави Валас за Ројтерс на саемот за одбрана DSEI надвор од Токио.

„Американците рекоа дека мислат дека тоа е непрофесионален чин“, рече Валас.

Медиумот потсетува дека ова беше првиот физички контакт меѓу руски борбен авион и американски воен дрон од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година. Русија рече дека го смета инцидентот за „провокација“.

Ss1

Можете да прочитате

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа

Бајден со задоволство ќе учествува на дебата со Трамп

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците