Утрински Весник
Спорт

Роналдо со поддршка за Нејмар: Ќе се вратиш уште посилен, гладен за голови

Роналдо со поддршка за Нејмар: Ќе се вратиш уште посилен, гладен за голови

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо му даде поддршка на сонародникот Нејмар, кој поради повреда ќе ги пропушти преостанатите два меча на „кариоките“ на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Нејмар го повреди зглобот на мечот од првото коло против Србија (2:0), а според последните информации нема да настапи денес против Швајцарија и во петок против Камерун.

„Сигурен сум дека повеќето Бразилци те сакаат, како и јас. Твојот талент те однесе толку далеку, толку високо што ти се восхитуваат во секој дел од светот. Има причина за тоа, а за да се достигне тоа ниво треба да се носиш со многу завист и зло“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Тој истакна дека Нејмар ќе се врати на теренот уште посилен.

„Секогаш ќе има луѓе кои навиваат против вас. Ви пишувам со разорна сила против вербалното насилство: Врати се посилен! Попаметен! Гладнен за голови! Добро работите на теренот и надвор од него. Не заборавај ниту една секунда како стана идол на светскиот фудбал. Бразил те сака! Нејмар, ќе се вратиш, а целата омраза нека ти послужи како дополнително гориво“, напиша меѓу другото оригиналниот Роналдо.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами