Утрински Весник
Свет

Володин: Америка ја вовлече Европа во војна со санкции против Русија

Володин: Америка ја вовлече Европа во војна со санкции против Русија

САД ја вовлекоа Европа во војна со санкции против Русија, а европските земји во невработеност, затворање компании и други страшни дилеми, изјави претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Узбекистан, тој привлече внимание на фактот дека САД и Европа одамна воспоставиле стратешки односи, но на крајот тоа на европската страна донесе проблеми, невработеност и затворање на компании.

– Американците купуваат енергетски производи по една цена, а ги продаваат по четири пати повисока цена. Дополнително, тие ја вовлекоа Европа во својата војна со санкциите против Русија и ги ограничија нашите проекти кои овозможуваа користење на евтина енергија, што беше основа на индустрискиот развој на Германија, Франција и другите земји – рече Володин.

Според неговите зборови, лидерите на земјите од ЕУ конечно почнале да признаваат дека руските енергетски ресурси служеле како основа за европскиот напредок, но дека САД го направиле првиот чекор кон прекинување на нивниот проток кон Европа и почнале да ги заменуваат со свои ресурси, пренесе ТАСС.

– Сега можеме да го видиме исходот. Тоа им е јасно и на оние кои живеат во азиските земји, особено на оние кои отсекогаш граделе односи со нас врз основа на принципите на меѓусебно почитување, пријателство и меѓусебно немешање во внатрешните работи – нагласи Володин.

Володин додаде дека за време на неговата посета на Узбекистан се разговарало за прашања како што се заедничката историја, традиционалните вредности и културата,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Паника во Лондон: На ​​сред возење извадил нож и избол човек пред патниците