Утрински Весник
Свет

Романија го заплени имотот на Ендрју Тејт вреден четири милиони долари

Романија го заплени имотот на Ендрју Тејт вреден четири милиони долари

Романските власти денеска објавија дека заплениле стока и пари во вредност од 18 милиони романски леи, или речиси четири милиони американски долари, како дел од кривичната истрага за наводна трговија со луѓе што доведе до апсење на личноста на Интернет и поранешен ММА борец Ендрју Тејт.

dobivaj vesti na viber

Романската Национална агенција за управување со запленетите средства соопшти дека запленила 29 предмети од движен имот во текот на неделата, вклучувајќи луксузни возила и часовници, како и пари во различни валути, пренесува Ројтерс.

Ендрју Тејт, неговиот брат Тристан и две Романки беа уапсени во четвртокот под обвинение за формирање криминален синџир за сексуална експлоатација на шест жени, што тие го негираа,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран