Утрински Весник
Свет

Рогов: Украинците дигнаа во воздух мост во Запорожје, има мртви

Рогов: Украинците дигнаа во воздух мост во Запорожје, има мртви
300x250 (7)

Украинските војници истрелаа ракети кон патниот мост на реката Молохна во областа Мелитопол, предизвикувајќи жртви и повредени. Ова денеска го соопшти член на управниот совет на запрошкиот регион, Владимир Рогов.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, околу 12:30 часот, терористите извршија ракетен напад од повеќецевни ракетни фрлачи „Хајмарс“ на мостот на реката Молочна во селото Светлодолинско во областа Мелитопол во областа Запорожје“, напиша Рогов на Телеграм.

300x250 (7)

Тој посочи дека меѓу цивилното население има загинати и ранети. Нападот е извршен при поправка, изјави Рогов.

Селото Светлотолинско се наоѓа на 35 километри северно од Мелитопол.

Шефот на окружната управа на Мелитопол, Андреј Сигута, на новинарите им потврдил дека нападот бил извршен, по што избувнал пожар. Според него, на местото на нападот биле испратени екипи за итна помош.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа