Утрински Весник
Спорт

Сасуоло го понижи Милан на „Сан Сиро“

Сасуоло го понижи Милан на „Сан Сиро“

Актуелниот шампион Милан доживеа шокантен пораз (2:5) на „Сан Сиро“ од Сасуоло. Тоа е четврти меч без победа за „росонерите“ во Серија А кои ако продолжат во таков стил ќе отпаднат и од трката за пласман во ЛШ.

dobivaj vesti na viber

Дефрел и Фратези донесоа водство од 0:2 за Сасуоло, а намали Оливие Жиру. Но, Сасуоло постига и трет гол во првото полувреме преку Доменико Берарди.

На почетокот на вториот дел Лауриен од пенал зголеми на 1:4 и беше јасни дека тоа ќе биде пораз за Милан.

Матеус Енрике во 79.минута постигна петти гол за Сасуоло, а Дивок Ориги беше стрелец на вториот погодок за домаќинот.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите