Утрински Весник
Македонија

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Img 4231.jpeg

Вистинска драма со среќен крај се одвивала вечерва на улицата „4 Јули“ во Струмица, откако загрижени родители побарале помош бидејќи нивната малолетна ќерка со часови не одговарала на телефонските повици, ниту ја отворала вратата од станот.

Стравувајќи дека нешто ѝ се случило, родителите побарале помош, по што на местото пристигнала екипа на ТППЕ Струмица.


Бидејќи станот се наоѓал на четвртиот кат, пожарникарите употребиле авто-скала и се искачиле до терасата. Оттаму успеале да влезат во станот и да проверат што се случува со девојчето.

По часови неизвесност и загриженост, следувало огромно олеснување.

Пожарникарите го пронашле девојчето живо и здраво – таа спиела во длабок сон и воопшто не ги слушнала телефонските повици, ѕвонењето и обидите на родителите да стапат во контакт со неа.

Необичната интервенција, која започнала со страв дека можеби се случило нешто сериозно, завршила на најдобар можен начин.

За родителите следувало огромно олеснување, а струмичките пожарникари зад себе оставиле уште една успешно завршена интервенција – овојпат без пожар и без повредени.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт