Утрински Весник
Економија

РКЕ најави поскапување на горивата од 30 декември

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за просечно 1,23% во однос на одлуката од 22 декември 2025 година. Од 30.12.2025 година, со почеток од 00:01 часот, новите максимални цени ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 70,50 ден/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 72,50 ден/литар

Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 65,00 ден/литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 64,00 ден/литар

Мазут М-1 НС: 33,649 ден/кг

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, дизелот и Екстра лесното масло се зголемуваат за по 0,50 ден/литар, додека малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,042 ден/кг. Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат раст: бензините за 1,908%, дизелот за 1,970%, екстра лесното масло за 1,282%, а мазутот за 5,201%. Курсот на денарот во однос на доларот, кој беше користен за пресметка на цените, е понизок за 0,1801% во споредба со претходниот период.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра