Утрински Весник
Македонија

РКЕ ги објави: Од утре нови пониски цени на горивата

Benzin Goriva.jpg

Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени на горивата кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ. Според одлуката следи поевтинување на нафтените деривати.

Од ноќеска на полноќ Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар и ќе се продава по цена од 74 денари за литар.

Поголемо поевтинување има кај 98 ката односно цената за овој тип на гориво се намалува за 2 денари за литар, па новата цена ќе изнесува 76,5 денари.

Поевтинува и дизелот за еден денар и од ноќеска на полноќ ќе чини 68,5 денари за литар.

Надолна корекција од еден денар има и кај екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена од 68,5 паѓа на 67,5 денари.

За еден денар поевтинува и биодизелот и ќе чини 69,5 денари за литар.

Непроменета останува цената кај Метанот и Автоплинот, 65 денари за килограм односно 41,5 денари за килограм.

Мазутот од 44,780 денари за килограм паѓа на 43,507 денари.

Можете да прочитате

Николовски демант: Театар и празни обвинувања од Трипуновски

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со американскиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касаноф

Царина со полни раце работа: Запленета непријавена стока, муниција и девизи на граничните премини