Утрински Весник
Македонија

Во Македонија годинава изгореа шуми колку претходните 10 години заедно

Pozar Mariovo.webp.webp

Во 2024 година во Македонија во 126 шумски пожари изгореа над 94.000 хектари, што е речиси колку претходните десет години заедно, според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари (ЕФФИС), дел од програмата Коперник, пишува СДК.

Претходните десет години, во над 400 шумски пожари изгореле околу 100.000 хектари. Најтешка година претходно била 2019 година, кога во 135 шумски пожари изгореле 29.807 хектари.

Еден од најголемите шумски пожари годинава беше оној во Мариово, каде што изгореа 11.000 хектари, а беше конечно ставен под контрола вчера, осум дена од избивањето.

Процентуално, годинава изгоре 3,6 отсто од вкупната површина на земјата.

Денеска нема активни пожари во Македонија, откако заврна дожд и сите 22 пожари од вчера се изгаснати.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци