Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар

S3.jpeg

Општина Центар спроведе координирана акција за темелно чистење на јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија”, познат меѓу скопјани како Парк на новинарите. Акцијата ја спроведоа општинските инспекциски служби, во координација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар” (ПОЦ) и Полициската станица – Центар.

На локацијата години наназад се населуваат бездомни лица со импровизирани шатори, се трупа смет и ѓубре, а местото стана легло на зарази. Жителите од околните згради постојано пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир, но и физички пресметки на овој простор.


„Реагираме по којзнае кој пат на овој простор, секогаш на барање на граѓаните. Локацијата ја чистиме во неколку наврати, но бездомните лица постојано се враќаат и повторно го узурпираат паркот. Вакви појави нема да се толерираат во Центар. Ќе постапуваме секогаш кога се нарушуваат јавниот ред, безбедноста и хигиената на граѓаните. Дополнително, апелираме до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучи во решавањето на статусот на овие лица, за да нема повеќе вакви појави”, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

По завршувањето на акцијата, просторот ќе биде  целосно расчистен, а Паркот на новинарите ќе им биде  вратен на жителите како чист и безбеден јавен простор за секојдневно користење.

Можете да прочитате

Меџити: Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата во Саат Кула, се асфалтира улицата „Ремзи Хоџа”

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камени мост

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камени мост