Утрински Весник
Македонија

Рибар скокнал од чамец по веслата и не излегол од водата, „тигрите“ во потрага по него

Prespansko ezero e1749102648884.png

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот.

Полициски службеници излегле на местото настанот и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој им кажал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата.

Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Можете да прочитате

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!

СДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите – власта не носи мерки