Утрински Весник
Македонија

Неготинец фатен со „сканија“ со песок без документација

Policija 2.webp.webp

На 08.08.2026 во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес забележале товарно возило „сканија” со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л.(52) од Неготино, при што било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација.

Полициски службеници земале примероци од песокот во возилото и од местото на ископот. Со возачот е извршен службен разговор на место. Возилото било спроведено на мерење, а по насоки од Јавен обвинител подоцна е одземено за понатамошна постапка.

За настанот е известено Министерство за животна средина и просторно планирање и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија