Утрински Весник
Спорт

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026
Img 5587

Американскиот автомобилски гигант Форд се враќа во Формула 1 во 2026 година како партнер на светските шампиони Ред бул, потврдувајќи ја соработката на презентацијата на новиот болид на „бикот“ во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Со договорот, Форд ќе стане партнер на новата компанија за мотори на Ред бул, „Ред бул пауертрејнс“, која е базирана во Милтон Кејнс, Англија и веќе почнала работата на нов мотор за регулативите во 2026 година. Форд објави дека се работи за „стратешко партнерство“ во кое ќе се фокусираат на електричната авто-технологија, како и на производството на обични мотори со согорување.

Ред бул ја формираа сопствената компанија во 2021 откако јапонска Хонда се повлече од спортот. Тие и нивниот сестрински тим Алфа Таури ќе продолжат да ги користат моторите на Хонда до крајот на 2025. Во 2026 на сила влегуваат правила со кои моторите ќе останат В6 турбо-хибриди, но со зголемена електрична моќ и користење на нови синтетички горива.

„Форд се враќа на врвот на мотоспортот, носејќи ја својата долга традиција на иновации, одржливост и електрификација на најголемата сцена“, изјави извршниот директор на компанијата, Бил Форд.

Ова е прв влезе на Форд во Ф1 откако го продадоа Јагуар токму на Ред бул за минимална сума во 2004. Ред бул уште работат во фабриката во Форд ја поставија во 1996 година како поддржувач на тогашниот тим на Стјуарт. Форд има огромна историја во Ф1, најпозната преку развојот на Косворт ДФВ моторите во 1960-тите, 1970-тите и почетокот на 1980-тите. Косворт ДФВ останува најуспешниот мотор во историјата на Ф1 откако со различни тимови стигнаа до 155 победди во 16 години.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024