Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид и Интер во вториот барабан за следното издание на ЛШ

Реал Мадрид и Интер во вториот барабан за следното издание на ЛШ

По одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите и триумфот на Манчестер Сити, сега е јасна распределбата на клубовите во првите два барабани за следното издание во ова натпреварување. Реал Мадрид за првпат по долго време ќе се најде во вториот барабан, што може да им ја отежни задачата на носителите во групната фаза.

dobivaj vesti na viber

Во првиот барабан се европскиот шампион Манчестер Сити и победникот во Лига Европа Севилја. Тука се и шампионите на најголемите лиги, Барселона, Наполи, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Бенфика и Феенорд.

Финалистот на годинашното издание Интер се наоѓа во вториот барабан каде што е и Реал Мадрид. Повратниците во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед и Арсенал се исто така во овој сад, како и Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Порто.

Во третиот барабан се Милан и Лацио каде сигурни се и Шахтјор, Салцбург и Црвена звезда.

Унион Берлин ќе дебитира во Лигата на шампионите. Германскиот тим е во четвртиот барабан заедно со францускиот тим Ленс. Сè уште не е јасно дали Њукасл ќе биде во третиот или во четвртиот барабан, во зависност од тоа кои екипи ќе поминат низ плеј-офот во квалификациите за ЛШ, но коефициентот на „чавките“ е низок бидејќи не играле во европското натпреварување цели 11 години.

 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха

Ферари жали за загубените бодови во борбата за трофејот кај конструкторите

Атланта и Хјустон ги чекираа билетите за Лас Вегас