Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Да ja донесеме одлуката заради иднината, прифаќањето од Мицкоски е за поздрав

Ковачевски: Да ja донесеме одлуката заради иднината, прифаќањето од Мицкоски е за поздрав

Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, сите, да ја донесеме оваа одлука, заради иднината на сегашните и идните генерации порача од Кавадарци претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Резултати што прават разлика“.

dobivaj vesti na viber

„Оваа одлука е за граѓаните на државата, оваа одлука е за обичниот граѓанин на државата, за оној граѓанин кој што станува секое утро и оди на работа. Ова е одлука за вас земјоделците, за вас лозарите, за работниците кои секое утро одат во фабриките, кои чесно го заработуваат лебот и плаќаат данок кон државата. Ова е одлука за сите мајки чии деца отидоа на печалба во ЕУ, ама во ЕУ во туѓина, ова е одлука за децата да ни бидат тука, да ни расте наталитетот. Ова не е одлука за една мала група на луѓе кои што и со ЕУ и без ЕУ, живеат на висока нога, повисока и од некои земји членки на ЕУ“ посочи Ковачевски.

Претседателот истакна дека сите политички субјекти мора да ја искористат шансата и да ја обезбедат европската иднина на државата.

„Имаме шанса која не смееме да ја пропуштиме. Години и години може да чекаме наредна шанса. Подобар договор од овој што имаме ниту може ниту ќе добиеме. Затоа, ајде заедно да ја донесеме одлуката со којашто ќе се гордееме“ повика Ковачевски.

Toj кажа и дека го поздравува прифаќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за уставни измени.

Можете да прочитате

Чакулева на подкаст ЗРАК: Потребни се иновативни решенија во борбата против загадувањето

Татабитовска: Кумулативниот ефект од загадувањето придонесува прво да се појават, а потоа да се влошат хроничните белодробни болести

Димевски: Има многу мерки за намалување на аерозагадувањето, но дел од нив не се популарни за политичарите