Утрински Весник
Свет

Рејтингот на Бајден речиси најнизок оваа недела поради откривањето на доверливите документи

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Според најновото истражување, популарноста на американскиот претседател Џозеф Бајден е блиску до најниското ниво, а поради критиките на републиканците откако во неговата куќа беа пронајдени доверливи документи.

dobivaj vesti na viber

Според резултатите од тридневната анкета што заеднички ја спроведоа „Ројтерс“ и Ипсос, 40 отсто од анкетираните Американци го одобрија настапот на Бајден како претседател.

Републиканците во Конгресот го критикуваа Бајден во последниве денови, откако Белата куќа овој месец соопшти дека адвокатите на Бајден пронашле доверливи документи во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер на почетокот на ноември, пред среднорочните избори.

Републиканците го критикуваа тимот на Бајден што доцна ги објави откритијата, додека администрацијата веќе го испрашуваше поранешниот републикански претседател Доналд Трамп во врска со ракувањето со високо чувствителните доверливи документи што ги чуваше во неговото одморалиште во Флорида, откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

Министерството за правда назначи специјален советник, независно од политичкото влијание, да го истражи начинот на кој Трамп и Бајден ракувале со доверливи документи.

Анкетата спроведена низ САД, опфати 1.035 возрасни Американци.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот