Утрински Весник
Магазин

Растопете ја цврстата маснотија од вашиот шпорет за 10 минути

0 Cleaning Kitchen.webp.webp
300x250 (7)

Иако е препорачливо шпоретот добро да се избрише по употребата, тоа е работа што понекогаш се заборава. И тоа може да го отежне чистењето на нечистотијата следниот пат.

Наместо да се свртите кон скапи хемиски производи, зошто да не пробате „едноставен, евтин начин“ за да ја осветлите вашата плоча – користејќи само два секојдневни предмети за домаќинството, пишува Мирор.

300x250 (7)

Експертот за недвижнини Тери Фишер вели дека тајната лежи во комбинацијата на бел оцет и сода бикарбона; динамично дуо кое „без напор чисти тврдоглави дамки“. Според Тери, се што ви треба е една шолја оцет, две лажици сода бикарбона, крпа од микрофибер, вода и шише со спреј.

„Убавината на овој ачин е во неговата едноставност и пристапност. Секој може да постигне беспрекорно чисти рингли без прибегнување кон груби хемикалии“, рече тој. „Испрскајте ги погодените области со бел оцет. Продолжете со попрскување на две лажици сода бикарбона над влажната површина. Оставете го ова динамично дуо да отстои околу 10 минути, дозволувајќи им да ја направат својата магија“.

Користете влажна крпа од микрофибер и нежно исчистете ги дамките со кружни движења. Потоа избришете ја површината со влажна крпа за да ги отстраните сите остатоци.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август