Утрински Весник
Македонија

Рамадани: Пендаровски има голема заслуга за напредокот на државата

Ramadan Ramadani.jpg

„Зошто Пендаровски? Гледајќи во каков свет живееме, од Украина и Палестина, јас самиот верувам и повеќето од граѓаните се радуваме кога се потсетуваме дека имаме држава, членка на НАТО. Сакав да потсетам  дека овие избори за претседател се за прв пат за претседател на Македонија сега веќе членка на НАТО. Единствен кој има знаење, став и односи за таков претседател е Стево Пендаровски кој всушност има и многу заслуги за овој напредок на земјава“ вели Рамадан Рамадани во видео обраќање на социјалните мрежи.

Тој повика на масовна поддршка за кандидатот за претседател, Стево Пендаровски во вториот круг

„И тие кои гласаат поинаква политичка опција за парламентарнии и тие кои во првиот круг гласале поинаку сега треба да се потсетат на ова сериозност и одговорност како на граѓани на земја членка на НАТО и да го направат вистинскиот избор“, изјави Рамадани.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на Плетвар и Стража

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија и Сингапур на „Changi Aviation Summit 2026“

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница откако власта одби законот за минимална плата да го стави на дневен ред