Утрински Весник
Балкан

Строги забрани во Црна Гора: Казни до 1.000 евра за одење во костими за капење во пешачки зони

20240504120726 Big 730x400 56.webp.webp

Локалните власти на Тиват одлучија да забранат движење на туристи во костими за капење во пешачките зони, градските паркови, плоштадите и во внатрешното градско јадро.

Забраната не се однесува на местата за капење, а предвидени се казни од 20 до 1.000 евра за оние кои нема да ги почитуваат овие мерки.

Локалниот парламент ги прифати и измените на Одлуката за регулирање на сообраќајот на подрачјето на општина Тиват, со кои се проширија пешачките зони во градот, со кои се воведе забрана за движење на електрични скутери и други слични возила.

Велосипедистите се обврзани да се движат исклучиво по велосипедски патеки.

На возачите на електрични скутери и слични возила, кои возат во забранети пешачки зони, можат да добијат казни од 20 до 500 евра, објави „Вијести“ од Подгорица.

Можете да прочитате

Вучиќ: Србија мора постојано да има енергија

Огромна змија снимена кај Мостар

Во сред лето: Цела Црна Гора, Босна и половина Хрватска без струја