Утрински Весник
Македонија

Голем пожар на македонско-косовската граница, чадот се шири кон Скопје

Ae7c9f92 2367 462c 9229 0682592c58af.jpeg

Силна миризба на чад и вечерва се чувствува во делови од Скопје, а причината е големиот шумски пожар во пограничниот регион кон Косово, во реонот кај селото Грачани.

Ветрот го носи чадот од пожарот кон Скопската Котлина, поради што миризбата на изгорено се чувствува во повеќе делови од градот.

Пожарот зафаќа голема површина, а огнената линија е долга неколку километри и се протега на македонска и на косовска територија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот е меѓу приоритетните жаришта за кои во моментов се ангажирани екипи на терен.

Во текот на денот во гаснењето биле вклучени пожарникари и тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, а била обезбедена и воздушна поддршка. Интервенцијата на одредени делови од огнената линија е отежната поради тешко пристапниот терен.

Според информациите од надлежните институции, населените места Грачани и Никиштане засега не се загрозени од огнената стихија. Екипите остануваат на терен и внимателно го следат движењето на пожарот.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека до 18 часот денеска низ земјава биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум сè уште биле активни.

Можете да прочитате

Уапсен возачот на Игор Јанушев, барал мито за вработување

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи

За 24 часа уапсени 16 возачи