Утрински Весник
Свет

Рама: Се согласувам со Курти дека Србија треба да го признае Косово

Рама: Се согласувам со Курти дека Србија треба да го признае Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека апсолутно се согласува со премиерот на Косово, Албин Курти, Србија не само да го признае Косово туку и да му се извини.

dobivaj vesti na viber

Сепак, според пишувањето на медиумите во Приштина, Курти и тој не се согласуваат кога тоа треба да се случи.

„Мислам дека признавањето и барањето прошка е крај на процесот. Процесот не почнува со признавање и барање прошка“, рече Рама во Њујорк, каде што учествува на заседанието на Генералното собрание на ОН.

Рама изјавил во САД дека неговите односи со Курти се фантастични.

„Навистина имаме многу слатка, многу пријателска комуникација, што значи дека зборуваме многу за разни теми, се соочуваме со мислења поврзани со разни политички филозофии“, рече албанскиот премиер.

„Не се согласуваме за пристапот до Србија, за признавањето и барањето прошка, не се согласуваме за `Отворен Балкан`, но тоа не нè спречува да се договориме за многу други работи“, рече Рама.

Можете да прочитате

Вархеји: Следната ЕК ќе биде Комисија за проширување, ЕУ наскоро ќе има нови членки 

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Јордански министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран