Утрински Весник
Балкан

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Rama.png

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

– Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот,  ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме”.

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи.

Можете да прочитате

Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24

Бугарски пејач почина на среде настап на сцена

Македонски државјанин уапсен во Хрватска: Без возачка дозвола предизвикал сообраќајка, се превртел и удрил во карпа