Утрински Весник
Спорт

Ракометарите загубија и во Португалија

Ракометарите загубија и во Португалија

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 32:27 во четвртото коло од квалификациите за ЕП 2024 и ќе мора да бара начин за пласман на големото натпреварување преку селекциите на Луксембург и на Турција кои веќе еднаш ги победи во овој циклуц.

dobivaj vesti na viber

Македонија добро се држеше во првото полувреме, имаше и предност од 10:11 на седум минути пред одморот, но потоа влезе во нервозен финиш и на Португалците им дозволи да направат серија од пет гола, за предност од 15:11.

Мартин Томовски во тој дел од мечот собра четири одбрани, но одличен беше и Капдевиља на голот на Португалија.

Во второто полувреме македонските ракометари влегоа со многу грешки, речиси девет минути не постигнаа гол од игра, а тоа Португалците го искористија да зголемат на 19:11.

До крајот се играше растоварено, со оглед дека победникот веќе беше решен.

Најдобри стрелци кај Португалците беа Итуриза, Мартинс, Фернандеш и Гомеш со по четири постигнати гола, а голманот Капдевиља имаше 15 одбрани.

Во редовите на Македонија, Томовски имаше десет одбрани, а Филип Кузмановски постигна десет гола. Втор најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со пет гола.

Можете да прочитате

Зинченко благодарен на Уфа, но не сака ниту да го спомене името Русија

Како пилешкото кари ја „десеткуваше“ холандската репрезентација

Англиските играчи шокирани од изведбата на нивната химна