Утрински Весник
Македонија

МВР му поднесе нова кривична пријава на Стевчо Јакимовски

Stevco jakimovski 5.jpg

Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б. за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од КЗ, С.С.Ѓ. за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од КЗ и против С.Ј. за кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в од КЗ.

Првопријавената, како раководител на Сектор за урбанизам во Општина Карпош, во содејство со второпријавената, како вработена во истиот сектор, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, така што иако знаеле и биле свесни дека издадениот Извод од план од страна на општината за ДУП претходно бил укинат со Одлука од 2018 година од Уставен суд и дека за истото од страна на третопријавениот како градоначалник на Општина Карпош биле дадени насоки да не се издаваат изводи од планови, одобренија за градење и слично за ДУП-овите кои се укинати од Уставниот суд, како и дека претходно два пати го одбивале барањето за издавање на одобрение за градење од инвеститорите поради истите и други причини, откако прво третопријавениот потпишал договори со инвеститорите за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која бил укинат ДУП и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење, прво и второпријавените на 23.07.2025 на инвеститорите им издале Одобрение за градење, со што им овозможиле на инвеститорите противправно да се стекнат со право на изградба на објект во вредност од 10.427.518 денари.


Понатаму, прво и второпријавената ја злоупотребиле својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност така што, иако знаеле и биле свесни дека инвеститорите кон поднесеното барање за издавање на одобрение за градење имаат доставено основен проект изработен спротивно на важечкиот урбанистички план, наместо да го вратат предметот на инвеститорите на доработка, истите на инвеститорите на 29.10.2025 им издале Одобрение за градење, со што им овозможиле на инвеститорите противправно да се стекнат со право на изградба на објект во вредност од 13.021.914 денари.

Исто така, првопријавената ја злоупотребила својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност така што, иако знаела или требало да знае дека поднесеното барање од инвеститорот се однесува за градба-настрешница која не претставува настрешница во функција на постоечки објект согласно законските и подзаконските акти, туку засебен објект, поставен во простор со намена Д1 – парковско и пејсажно зеленило, односно во јавен простор и булеварски профил, и која воедно не била предвидена со важечкиот урбанистички план, како и дека од страна на подносителот на барањето во целост не била доставена потребната документација, ниту пак била извршена пресметка и наплата на надоместокот за уредување на градежно земјиште, истата на 25.03.2025 на инвеститорот му издала Решение за градба на настрешница.

Воедно, првопријавената ја злоупотребила својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност и така што, иако знаела или требало да знае дека за објектот-настрешница за кое било поднесено барање од инвеститорот претходно била поведена управна постапка и во 2024 година било донесено решение за отстранување на настрешницата, како и дека од страна на подносителот на барањето во целост не била доставена потребната документација, ниту пак била извршена пресметка и наплата на надоместокот за уредување на градежно земјиште, истата на 30.07.2025 на инвеститорот му издала Решение за градба на настрешница.

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август 606 прекршоци и одземени 18 електрични тротинети