Утрински Весник
Македонија

Кривична за директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе за злоупотреба на службена положба и овластување

812755268 2385468802276352 4117683194950921074 n.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Б.(63) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, не постапил согласно одредбите од Закон за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост и без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина во вкупна вредност од 75.000 денари.


Со наведеното дејствие, пријавениот овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, нанесувајќи му штета на Министерството за здравство за истиот износ.

Можете да прочитате

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати – администрација во служба на граѓаните

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев

Уште еден починат од западнонилска треска: досега вкупно 11 смртни случаи