Утрински Весник
Свет

Ракетен напад на руските сили на Запорожје, загинаа најмалку 12 луѓе

Ракетен напад на руските сили на Запорожје, загинаа најмалку 12 луѓе

Во ракетниот напад на руските сили синоќа во Запорожје загинаа 12 лица, а 49 се хоспитализирани, изјави шефот на Регионалната воена управа на Запорожје, Олександр Старук, пренесe „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Старух рече дека врз Запорожје биле истрелани 12 ракети, пренесе Интерфакс Украина.

Деветкатница е делумно уништена во ракетниот оган, уште пет станбени згради се срамнети со земја и многу повеќе се оштетени.

„ Можеби има повеќе луѓе под урнатините. Акцијата за спасување е во тек. Осум лица веќе се спасени“, напиша Старух на социјалната мрежа Телеграм.

„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Претходно претставникот на градските власти Анатолиј Куртев соопшти дека во нападот загинале 17 лица.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети